Повеќе од 390 лабораториски анализи на водата за пиење спроведени во изминатата седмица потврдија дека водата од скопскиот водовод е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет.
Според неделниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 10 јули 2026 година извршил земање на 196 примероци за физичко-хемиска и уште 196 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење.
Контролите биле спроведени на вкупно 50 мерни места низ градот, со цел редовно следење на квалитетот и безбедноста на водоснабдувањето.
Од претпријатието информираат дека сите анализирани примероци целосно одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, што значи дека водата од скопскиот водовод е здравствено исправна и безбедна за употреба од страна на граѓаните.
