Воен хеликоптер се урна за време на обука: Загина екипаж на јужнокорејската армија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Борбен хеликоптер на јужнокорејската армија AH-1S Cobra се урна денеска за време на тренажен лет во северниот регион Гапјонг, при што загинаа двајцата членови на екипажот, соопшти армијата.

Хеликоптерот се урнал нешто по 11 часот по локално време, а причината за несреќата засега не е позната, се наведува во соопштението.

Двајцата членови на екипажот биле пренесени во блиските болници, но подоцна биле прогласени за починати.

По несреќата, армијата ги суспендирала сите летови на хеликоптерите AH-1S и формирала тим за итни интервенции кој ќе ја истражува причината за падот.

Според наводите на армијата, обуката вклучувала увежбување постапки за присилно слетување без гасење на моторот.