Најмалку четири воздушни напади во главниот град на Украина се случуваат за време на пренос во живо на американската телевизија СИ-БИ-ЕС.
Москав објави дека руската армија нема да пречи цивилното население да го напушта Киев и за прв пат соопштија за 500 убиени војници. А украинскиот претседател рано утрово ја охрабри војската и повика да продолжат со отпорот.
„Каде и да одат ќе бидат уништени. Овде нема да имаат смиреност, нема да имаат храна, нема да имаат ниту еден мирен момент. Окупаторите ќе добијат само едно од Украинците: отпор. Жесток отпор. Таков отпор што тие засекогаш ќе се сеќаваме дека ние не се откажуваме од она што е наше, дека тие ќе се сеќаваат што е патриотска војна. Да, за нас Украинците, ова е патриотска војна. Знаеме како започнуваат патриотските војни и знаеме како завршуваат за напаѓачи“, рече Зеленски.
По неколку часови чекање во Киев за евакуација, некои веќе патуваат на Запад.
Страв, празнина и омраза ме обзедоа. Се внатре во мене се промени.
Според САД, големиот руски конвој кој се движеше кон Киев сега е блокиран поради недостаток на гориво и храна. Ваштинготн ја поддржува дипломатијата, вели Ирина која е евакуирана од Киев.
„Ние ја држиме отворена вратата за дипломатски пат напред. Тоа ќе биде многу тешко да се случи без воена деескалација. Многу потешко е дипломатијата да успее кога пукаат пушки, тенкови се тркалаат, авиони летаат“, рече Блинкен.
Властите во Херсон соопштија дека градот паднал под контрола на Русија. Тое е и првиот голем град кој го зазема Русија.
Во истовреме на друштвените мрежи Русија ги покажува воените дејствија во Украина.
Горенка е мало село на периферијата од Киев. Од утрово мештаните се во шок откако беа зафатени од руските напади. Меѓу нив е и Олга која се обидува да најде објаснување зошто тоа се случило врз нејзината куќа и село.
„Околу 8 часот утрово, јас слушнав звук на авион и ја отворив вратата, почна да паѓаат тули врз мене, малтер, а потоа и таванот. Но јас преживеав. И сега можете да видите како ми е се уништено, вели Федјеровна.
Хаг започнува истрага за ситуацијата во Украина.
На новата насловна страница на весникот Тајм е украинското знаме со цитат од претседателот Зеленски: „Животот ќе ја победи смртта, а светот темнината“.
