Либанскиот претседател Мишел Аун ги упати сите вооружени сили да се справат со последиците од експлозијата во Бејрут и да спроведат патроли во погодените области и во предградијата за да обезбедат безбедност, соопшти државната Национална новинска агенција.
Либанскиот премиер Хасан Диаб го прогласи во средата ден на национална жалост по масовната експлозија во областа на пристаништето во Бејрут, објави националниот радиодифузер Телелибан.
