„Воопшто нема да може да направиме попис ниту избори со отисок од прст“, вели Ременски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорката Фросина Ременски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека нема да може да се направи попис, ниту избори со отисок од прст.

Ременски образложи зошто е тоа така.

„База на податоци за отисоци на прсти може да има само МВР. Ниту завод на статистика, ниту никој друг. Јас се сомневам дека не може да направиме ниту избори ниту попис со отисок, затоа што одговорот лежи во тој што ја има базата на податоци“, рече Ременски.

ТВ21: Во што се сомневате?

„Затоа што нема кој да го прави ‘мечирањето’ на отисокот на прст, односно да го спореди од МВР и оној од пописот или изборите“, вели Ременски.

ТВ21: МВР?

„Не може да го прави МВР, затоа што избори спроведува ДИК, а пописот е во надлежност на Заводот за статистика“, рече Ременски.

Целата изјава низ видео: