ВИДЕО: Вооружен грабеж во НЕПТУН! „Сите ќе ве убиеме ако некој се јави во ПОЛИЦИЈА!“ – се заканиле разбојниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк, јавува репортерот на ТВ21.

Според информациите на ТВ21, во 20:30 часот во Нептун кај Стадионот „Тоше Проески“ влегле двајца маскирани лица со пиштоли.

Првата реченица што ја кажале била: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“.

За кратко на локацијата пристигнала и полиција, која ги фатила и двете лица.

Лицето со кое разговараше ТВ21, а кое во тоа време било внатре, кажува дека двајцата маскирани луѓе се заканиле дека сите ќе ги убијат ако некој викне полиција.

Видно вознемирена за ТВ21 кажува дека 20 минути биле заглавени во продавницата.