Вооружен инцидент во Велес, полицаец при должност се здобил со четири куршуми во стомак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 10 часот утрово, вистинска драма се случувала во Велес. Вооружен инцидент се случил во близина на цркават Св. Спас при што еден од присутните двајца полициску службеници се здобил со тешки телесни повреди и со четири куршуми во пределот на стомакот е префрлан на скопските клиники.

„Претпладнево околу 10.15 часот пред црквата ‘Св. Спас’, кај градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејствија биле физички нападнати од четири лица. Едното од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него“, изјави Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Три лица се приведени во полициската станица во Велес, но се уште се проверуваат сите возила при излез од градот. Полицаецот од местото на инцидентот до болница бил префрлен со приватно возило.

„Донесен е пациент на хируршко одделение со стабилни витални функции, свесен, ориентиран. Извршена е компјутер -томографско снимање, има четири огнострелни рани во пределот на стомакот, една во колено. Препратен е на Клинички во Скопје, поради тежината на повредите“, изјави д-р Тодор Јаковлев, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

Кои биле причините за инцидентот, засега не се познати. Се шпекулира дека еден од нив го земал пиштолот од полицаецот и пукал.