„Воз кој не треба да се пропушти“ – Џачка: Албанија и Македонија заедно ќе чекорат кон ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанија и Северна Македонија заеднички ќе се движат кон ЕУ и политичарите мора да разберат дека ова е воз што не треба да се пропушти. Вака албанскиот главен дипломат Олта Џачка зборуваше за одвојувањето на Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ, доколку РСМ не успее со уставните измени. Ако некој заостане, ќе остане во неповолна положба за перспективата и благосостојбата на земјата и нејзините граѓани, додаде Џачка.  

„Заедно, ви кажав дека се движевме рамо до рамо и ќе продолжиме да се движиме на тој начин, но важно е, мислам, сите политички чинители да разберат дека ова е воз што не треба да се пропушти, бидејќи создадена е можност што ни овозможува да се движиме побрзо во овој процес и ако некој ќе заостане, ќе биде оставен на штета на перспективата и благосостојбата на нејзината земја и нејзините граѓани, а тоа не треба да се дозволи“, вели Олта Џачка.

Од друга страна, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изрази благодарност за тоа што, како што рече, Албанија го направила во однос на Северна Македонија со Бугарија, заземајќи силен став кон Бугарија, понекогаш дури и погласно од самата Македонија. За Осман не е фер ако не ги постигнеме уставните измени Албанија  да не продолжи сама.

„Навистина сме благодарни што Албанија во ниту еден момент не тактизираше, да создаде предност за сопствената позиција, туку инсистираше дека ако регионот не тргне кон ЕУ, нема да и биде од корист само една држава. Ова е  знак на пријателство, партнерство и меѓусебна доверба, што веруваме дека ќе го вратиме во моменти кога ќе биде потребно. Мислам дека не е фер да се бара од Албанија, ако хипотетички во ноември нема да се направат уставните измени, да го запре и да не го продолжи процесот“, порача Бујар Османи.

Инаку, Република Северна Македонија и Република Албанија ја одбележуваат 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, а во оваа прилика во официјална посета на Скопје престојува министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка. На средбата беше потврдена одличната динамика во билатералната соработка и беа потврдени меѓусебните заложби за збогатување со нови содржини и проекти, во интерес на двете соседни земји и граѓаните.