Вознемирувачко видео: Хорор во Хрватска, шанкерка ги запали гостите наместо пијалокот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Итната помош ноќеска имала полни раце работа откако 23-годишна, не многу искусна шанкерка, случајно запалила неколку гости во ноќен клуб во Карловац.

Имено, и било нарачан познат пијалок кој треба да се запали, а таа тоа го направила несмасно и наеднаш ги запалила и шанкот, но и дел од гостите кои стоеле на него.

После тоа во клубот Монако завладеала паника и била повикана Итната помош.

Доктор Ивана Ковачиќ, управител на карловачката болница, изјави дека две девојчиња, родени 2002 година, се тешко повредени.

„Една од нив е на одделението за интензивна нега. Изгорениците се на над 20 отсто од површината на телото“, рече Ковачиќ.

Сопственикот на клубот Гордан Фанчев за „24сата“ вели дека келнерката го запалила шанкот откако имало експлозија на шишето.

„Никогаш не сум доживеал пукање на шишето, но овој пат тоа се случи. На сите им стоиме на располагање, не бегаме од одговорност“, рече Фанчев.

Тој ги потврди шпекулациите дека веднаш и трајно ќе го затвори клубот.

„Точно е дека затворам. Човечките жртви немаат цена. Во моментов така се чувствувам, мислам дека тоа е единствената вистинска работа. Не сум стапил во контакт со повредени, не сум добил официјална информација, па не знам како се. Ќе затворам. Просторот не е мој, си одам од околината, мислам дека веќе не работам таму и не ни раководам со клубот. Не се затвора недела-две, навистина затворам“, рече Фанчев.