Вознемирувачко видео од Загреб: Сo автомобил „дивеел“ на паркинг, повредени неколку лица, едно се бори за живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа околу 22 часот на паркинг на еден трговски центар во Загреб, дошло до стравична несреќа. Граѓаните беспомошно гледале како возач губи контрола над возилото и се залетува меѓу лица и паркирани автомобили.

Возилото се заби во маса на луѓе, притоа повредени се неколку лица, меѓу кои едно потешко и во животозагрозувачка сотојба. Најмалку пет лица биле повредени и веднаш пренесени во болница во Загреб.

Според информациите, 23-годишниот возач бил негативен на алкотест и на дрога.

На социјалните мрежи се појави видео од настанот кое е вознемирувачко.