Вработени во „Водостопанство“ на протест, не добиле јулска плата, бараат помош од Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените во Претпријатието „Водостопанство“ се уште ја немаат земено јулската плата. Станува збор за околу 500 вработени. Стравуваат дека од утре веќе нема да имаат ниту здравствено осигурување. Игор Китаноски од АГРО Синдикатот, вели дека побарале помош од Владата, но засега без одговор.

Итно бараат да се најде решение, или во спротивно, ќе протестираат пред Владата.

Малзарков вели дека овој проблем постоел и минатата година, а истиот го предизвикуваат старите цени на водните услуги, а овие цени ги одредуваат управниот одбор и Владата.

ТВ21 побара одговори од претпријатието „Водостопанство“ и од кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, но од ниту еден од нив не добивме одговор каде е проблемот.

За платите во Водостопанство, беше прашан и премиерот Ковачевски, а тој вели дека проблемот ќе биде надминат. Како што вели тој, се работи на долгорочно решение за претпријатието, а целта е да се овозоможи негово постојано, рентабилно работење.

Ќе мора, нагласи, да се направи реструктурирање за точно да се види кои делови носат приходи, а кои се тие што треба да бидат реорганизирани, но тоа не значи дека некој ќе остане без работа, туку дека ресурсите ќе треба да бидат насочени таму каде што најдобро ќе бидат искористени од страна на компанијата.

Инаку, протести за зголемување на платите досега одржаа бројни синдикати во секоја област на општеството.