Последниот месец имаше многу драми во судски совет. Беше разрешена претседателката Весна Дамева, оставка поднесоа членовите Зоран Герасимовски и Мирјана Радева – Стефков, а денеска вработените на Судски совет почнаа штрајк.
Бараат обезбедување на средства за исплата на додатоците на плата од 30% и потпишување анекс договор за измена на колективниот договор.
Од синдикалната организација се пожалија за ниските плати на вработените на разни позиции.
Штрајкот на вработените во Судски совет ќе се одржува секој ден за време на паузата се до исполнување на нивните барања.
