Вработените во култура најавија штрајк, не ја добиле платата за март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Институциите од културата можно е да стапат во генерален штрајк бидејќи околу 3 илјади вработени не ја зеле мартовската плата. Ова го соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков, кој додаде дека според усогласувањето со минималната плата во земјава, платата за март треба да се зголеми за 12%. Рече дека пресметките од институциите о култура се подготвени, но не добиле одобрение од Министерството за финансии.

Вера Атанасова, претседателка на Синдикатот на Култура рече дека вработените од утре ќе излезат на протест пред Министерството за да ја побараат нивната плата. Со непримањето на платата, според неа, не само што е  загрозена егзистенцијата на оние кои се посветени на уметноста и културата туку се загрозува и интегритетот на институциите на културата.

Претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, истакна дека доколку вработените не ја примат платата, протест може да се одржи и пред Министерството за финансии.

Инаку Вера Атанасовска соопшти дека денеска во 13 часот претставници од Култура ќе одржат средба со Министерството за финансии.