Поразените на изборите, Недемократската унија за дезинтеграција (НУД),
изгледа дека сè уште не ја разбира јасната порака испратена од
албанските граѓани. Граѓаните јасно бараат длабоки реформи, вистинска
програмска понуда и способни кадри. Наместо тоа, НУД се обидува да ги
вовлече Албанците во нивните напори да ја избегнат правдата за
22-годишниот режим, чие наследство продолжува да го чувствуваат сите
луѓе, велат од ВРЕДИ во соопштение до јавноста.
„Поразената партија, ограбувачот на народот, беше испратена во опозиција на 8 мај поради нивната неспособност да понудат реални решенија. Сега, како изолирана партија и под притисок од меѓународниот фактор, НУД продолжува да предизвикува тензии во обид да ја одложи правдата што неизбежно ги чека.
Јавно прашуваме дали НУД преку улици и провокации всушност сака да ги
спаси внуците на Али Ахмети и криминалниот клан кој владееше за време на нивниот режим. Дали Дрин Ахмети е во земјата или и него сте го испратиле на „печалба“ преку вашите мувлосани кадри?
Коалицијата ВЛЕН ќе продолжи да се бори против оваа политика на
дезинтеграција и манипулација. Ние сме решени да спроведеме длабоки
реформи и да го донесеме правото и правдата за нашите граѓани, без
компромиси со оние кои се обидуваат да ја вратат назад нашата држава во
периодот на корупција и неправда“, стои во соопштението на ВРЕДИ.
