На плоштадот „Скендербег“, каде што имаат заеднички штаб, коалицијата ВРЕДИ презентираше дел од владината програма, додека целосната се очекува да биде претставена следната недела. Миграцијата и економијата ќе бидат главните столбови. Кандидатот за претседател Арбен Таравари рече дека граѓаните до крајот на мандатот ќе можат да земаат просечна плата од 800 евра.
Говори одржаа и тројцата партиски лидери од ВРЕДИ, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. Ги претставија плановите за целосно отстранување на казината, плановите за фискална децентрализација и распределба на акциите на државните претпријатија во рацете на граѓаните.
– Со победата на Вреди веруваме дека ќе заврши големата болест на казината и лотаријата. Ќе дадеме се од себе да го забраниме коцкањето. Нашата идеја е да ги стопираме и брзите кредити кои всушност се само лихварство. Ќе ги бришеме долговите на луѓето со брзи кредити-вели Гаши.
Кратко говореа и носителите на листи од зоните 3,4 и 5 но и претставникот на движењето Самоопределување, воедно и кандидат за пратеник во ИЕ6, Беким Ќоку.
-Ние сме за Северна Македонија како НАТО партнер и како интегрирана земја во Европската Унија. Ние сме за партнерство и пријателство на Балканот, но сме и против оние кои соработуваат со проблематичниот Белград, со потчинетите на Милошевиќ и со агресивната Москва-изјави Ќоку.
– Албанците од Чашка и Велес го чекаат вниманието на државата. Имаме гаранции од претседателот Таравари и од коалицијата ВРЕДИ дека во идната Влада Албанците од зона 3 нема да останат сами-рече Шенер Биљали.
– Ја имаме нашата изборна програма, планот ВРЕДИ 2030 година Со нашите економски и развојни политики ќе достигнеме 150 евра по жител во 2030 година-рече Мендурим Жермановски.
-Знаејќи кој стои пред нас, список полн со скандали и сомнителни луѓе, имаме целосна сигурност дека најголемото изненадување ќе се случи во областа пет. Да не заборавиме дека моралот важи и во политиката, важи промената, важи храброста, важи победата-рече Салим Сулејмани.
Инаку, во избирачките списоци, и за претседател и за пратеници, коалицијата ВРЕДИ го има бројот шест во рангирањето, врз основа на неодамнешните измени во Изборниот законик што ги усвои Државната изборна комисија.
