Врнежи од снег на повисоките места

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево на повисоките места низ Македонија може да се забележат врнежи од снег.

Моментално врнежи од снег има во Пониква, Крушево и Попова Шапка.

Ова го најави и Управата за хидрометерелошки работи на Македонија. Од таму истакнаа дека кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и северните делови. Кон крајот на денот ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.  

За утре се најавува значително облачно време.

Во утринските и претпладневните часови ќе има повремен слаб дожд, на некои повисоки места и на планините слаб снег, а можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.