Втор пораз на ЕП за Македонија: Црногорците ги казнија грешките на момците на Кире Лазаров

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација загуби и на вториот натпревар на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка. Денеска селекцијата на Црна Гора беше подобра од Македонија, со што практично момците на Кире Лазаров се елиминирани од понатамошните натпреварувања на турнирот.

Лошото отворање на натпреварот, се чини беше клучно. Црногорците брзо дојдоа до предност од 0-4, и практично само еднаш успеавме да израмниме на 17-17, а во целост се беше на страната на Црна Гора.

М. Вујовиќ беше најефикасен со седум гола кај Црногорците, додека во нашата селекција Мартин Велковски постигна шест.

Пред овој натпревар стигна и веста дека Столе Стоилов поради позитивен тест на ковид-19, нема да биде на располагање на селекторот Лазаров. Но, затоа на голот се врати Никола Митревски кој доби дозвола од ЕХФ да се врати на терените, но не помогна нашиот национален тим да дојде до победа.

Завчера Македонија доживеа пораз и од Словенија, а во понеделник ја затвораме групната фаза против фаворизираната Данска.