Втора просторна дезинсекција во Тетово на 15 јули, Општината со препораки до граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово информира дека во среда, на 15 јули 2026 година, ќе се спроведе втората просторна дезинсекција на територијата на градот, согласно Програмата за спроведување на мерките за дезинсекција, со цел заштита на јавното здравје.

Од Општината соопштуваат дека активноста ќе ја реализира овластен оператор, според одобрениот оперативен план, а процесот ќе биде под надзор на овластени претставници на локалната самоуправа.

Во пресрет на дезинсекцијата, Општина Тетово упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките на екипите што ќе работат на терен. Се препорачува за време на прскањето да се држат затворени прозорците на станбените и деловните објекти, да се избегнува непотребен престој на отворено, како и да се следат сите насоки што ќе ги дадат надлежните служби.

Посебен апел е упатен и до пчеларите, кои треба навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, со цел да се избегнат евентуални штети за време на спроведувањето на третманот.

Од Општина Тетово нагласуваат дека дезинсекцијата е дел од редовните активности за намалување на бројот на инсекти и заштита на здравјето на граѓаните во текот на летниот период.