Српскиот претседател Александар Вучиќ денес потврди дека издал наредба ако е потребно, поради можен наплив на мигранти, херметички да се затворат границите.
– Издадов наредба на српската војска, го замолив Бирото за соработка со сите (безбедоносни) служби, како и МВР, и српската Влада, доколку дојде до загрозување на националната безбедност, можеме речиси херметички да ги затвориме границите на нашата земја, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија секогаш покажувала солидарност, но нема да дозволи, како што рече, земјата да биде „паркинг за мигрантите“, и неговата земја нема да биде единствената жртва.
Вучиќ рече дека доколку е потребно, границите ќе бидат затворени во рок од 12 часа, но се надева дека до тоа нема да дојде.
