Вучиќ: Короната нѐ уништи!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Короната буквално нѐ уништи, уби многу постари луѓе, но и многу млади луѓе“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ денеска зборувајќи за пандемијата.

Вучиќ изјави дека многумина го негираа постоењето на вирусот, а тој однесе многу животи.

„Неодговорни лица велеа дека не постои и дека не убива, дека не треба да се вакцинираме, а не само за една година, за три-четири години нѐ уништи“, рече тој.

Вучиќ кажа дека од 1 септември ќе се организираат превентивни прегледи и дека сите кои се над 40 години треба да се јават на истите.