Во Белград уапсено лице за злосторничко здружување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување.

„Станува збор за лице родено во Белград, родено во 1999 година. Лицето веќе било уапсено пред две години како администратор на неколку милитантни групи на Интернет“, рече Дачиќ.

Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор.

Денеска во Белград во Амбасадата на Израел имаше пукање, по што беше убиено едно лице. Лицето наводно пукало во полицаецот кој работел како обезбедување, по што овој вратил, а напаѓачот им подлегнал на повредите после 30 минути.