Вучиќ: Не е фер што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговори со ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска го искажа својот став по најновата одлука ЕУ да не им даде датум за почеток на преговорите на Македонија и на Албанија.

Тој рече дека одлуката не е фер, и жали за истата.

„Не е фер кон Тирана и кон Скопје како и граѓаните и луѓето што ги водат тие две земји. Тие ќе имаат искрен пријател во Србија, и ќе ја подобриме соработката со нив, и сакам да објавам дека имаме важна видеоконференција на 29 јуни“, рече Вучиќ.

Вчера одлуката на ЕУ ја коментираше и српската премиерка Ана Брнабиќ која кажа дека е загрижена од одлуката на една земја да го блокира соседот кон ЕУ интеграциите, и дека тоа секој може да го користи тоа во идните ЕУ интеграции.