Вучиќ: Приметивме беспилотни летала и дронови со извидувачка намера кон Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборува по седницата на продолжениот колегиум на началникот на Генералштабот во касарната „Бањица 2“ во Белград.

Имаме многу предизвици, големи сили се собрани во регионот. Сметаме на добра соработка со Кфор“,  рече Вучиќ по седницата на колегиумот.

„Она кое го забележавме се засилени дејствија на летала со екипаж и беспилотни дронови во опкружувањето со извидувачка намера кон Србија. Без да ја минат границата со Србија, и тоа од сите правци кон Србија засилено. Приметивме подигнување на албански барјактари од Ѓаковица со намера да се најдат позициите на војската на Србија и шведско-германски авиони прават снимки од други територии кои не се под контрола на војската на Србија, но прават снимки поради присуство на безбедносните сили на Србија. Ќе продолжиме забрзано и ќе мораме да ги промениме навиките, да работиме повеќе и подобро, да бидеме јасни во пораките за одвраќање на секој потенцијален агресов на нашата земја. Мора да го засилиме екипажот во војските. Многу пари вложуваме, примањата на нашата војска никогаш не биле поголеми. Србија сака мир, и секогаш ќе сака мир, а за да го сочуваме мораме да имаме силна војска“, рече претседателот на Србија.