Вучиќ: Вакцината ќе пристигне во Србија пред крајот на годината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека првите количини на вакцини ќе пристигнат во Србија пред крајот на годината, а вакцинацијата ќе започне кога здравствените власти ќе го одобрат тоа, најдоцна во јануари, но можеби на крајот на декември.

„Ние ќе ги имаме првите количини вакцини, најмалку две различни вакцини, а можеби и три, пред крајот на годината. Дали ќе започнеме со вакцинација пред крајот на оваа година или почетокот на следната година зависи од стручните тела во земјата, здравствените власти, кога тие ќе одобрат “, рече Александар Вучиќ.

Тој посочи дека Србија ќе се обиде да им понуди на граѓаните секаков вид вакцини против коронавирусут, и додава дека лично смета дека секоја вакцина што добила одобрување е добра.