Вучиќ за несреќата во Нови Сад: Секој документ да биде достапен до јавноста, нема корупција во реконструкцијата на станицата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека „апсолутно секој“ документ поврзан со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад треба да биде достапен за јавноста.

Вучиќ рече дека е важно „јасно, транспарентно и прецизно“ да се објаснат причините за уривањето на настрешницата на станицата минатиот петок, во која загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

„Прочитав 1.000 страници, но не знам што да кажам. Не можете законски да објавите нешто поради другата страна на договорот, но се друго апсолутно треба да биде јавно објавено. Сигурен сум дека обвинителството и Судовите подоцна ќе можат и ќе треба да го дадат вистинскиот одговор“, рече тој.

Тој оцени дека „немало корупција“ во однос на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад.

„Секаде каде што имаше корупција и ако можевме да ја откриеме, би бил среќен ако одговорните веднаш бидат испратени во затвор“, рече тој.