Вулканот Кључевскаја на Камчатка денес исфрли пепел во висина до девет километри, соопшти огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба (УГС) на Руската академија на науките.
Порано беше објавено дека пет вулкани на Камчатка се моментално активни – Кључевскаја, Шивелуч, Каримски, Безимени, Камбални, пренесува Интерфакс.
Руските власти им препорачаа на локалните жители и посетителите на регионот „да се воздржат од патување и планинарење во близина на споменатите вулкани во радиус од 10 км од нивните врвови“.
