За 1 Мај пониски температури и облачно – еве какво време нѐ очекува до крајот на седмицата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Во среда ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во значително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време, а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.