За 10 дена Белорусија ќе ги затвори границите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Белорусија ќе ги затвори копнените граници за своите граѓани до крајот на овој месец како дел од мерките во борбата против Ковид-19, соопшти Владата.

Одлуката за затворање на границите ќе им забрани на жителите на Белорусија да патуваат доколку патувањето не е за деловна активност или за студирање, а забраната ќе стапи во сила 10 дена по објавувањето на одлуката.

Возачите на меѓународни камиони и дипломати ќе бидат изземени од забраната, додека странците сепак ќе имаат дозвола да влезат во земјата, но ќе треба да бидат во карантин 10 дена. Во овој момент не е прецизирано кога повторно ќе бидат отворени копнените граници.

До вчера, белоруското Министерство за здравство евидентираше 152.453 случаи на заразени со коронавирус и 1.230 смртни случаи.