Алармантни се бројките на починати лица од коронавирус во Македонија. ТВ21 ги анализираше последните 10 дена од Ковид-19 состојбата во нашата држава. Според тоа, за неполни две недели, починати се 77 лица, најголем број возрасни пациенти кои се наоѓале во болница.
ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:
Во изминатите 24 часа од напревени 2634 тестови, 640 лица се позитивни на коронавирус. Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

