Во текот на 11 дена од 28 март, кога Мјанмар го погоди катастрофален земјотрес со јачина од 7,9 степени, земјата ја потресоа уште 98 последователни потреси, соопштија денеска надлежните служби.
Според податоците на метеоролошката и хидролошката служба на Мјанмар, новите земјотреси се движеле со магнитуда од 2,8 до 7,5 степени, јавува Ксинхуа.
Бројот на жртвите од првичниот земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала се искачи на 3.600, 5.017 лица се повредени, а 160 се уште се водат како исчезнати, објави инфо-тимот на Управниот совет на Мјанмар.
