За 14,18 проценти скопјани ќе плаќаат поскапо парно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на парното во Скопје од 1 август, при што топлинската енергија што ја обезбедува најголемата мрежа во градот (досега БЕГ) поскапува за 14,18 отсто, парното што се обезбедува во  Железара ќе биде поскапо за 15,5 отсто, а во Скопје Север за 16,31 отсто.

Како што информираше претседателот на РЕК, Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција, единствена причина за поскапувањето на парното е зголемувањето на цената на природниот гас која што сега е 10 пати поголема од минатиот период. Македонија на оваа цена не може никако да влијае, бидејќи во целот увезува гас.