За 21,63% била поголема излезноста во 2016 година за разлика од овогодинешните парламентарни избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За 21,63% била поголема излезноста на предвремените парламентарни избори одржани во 2016 година за разлика од овогодинешните.

Според податоците на ДИК кои се уште се обработуваат, до 17 часот своето право на глас го искористиле 38,78% од гласачите.

Во 2016 година, од вкупниот број запишани гласачи на единствениот избирачки список, до 17 часот гласале 60,41%.

Ова се први избори кои се одржуваат во пандемија по посебни услови и протоколи.

Гласањето трае до 21 часот.