За 24 часа: Три лица лишени ослобода поради марихуана, исто толку поради прашкаста материја – пронајдени и саксии со Cannabis sativa во кичевско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во полицискиот билтен за изминатите 24 часа регистрирани се низа на поднесени кривични пријави и лица лишени ослобода поради марихуана, прашкаста материја и пронајдени саксии со Cannabis sativa.

На 21.08.2020 во 22.00 часот на ул.„Димитрие Чупоски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(20) од с.Љубин, затоа што при преглед кај него била марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.08.2020 во 23.40 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.Х.(42) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.08.2020 во 23.50 часот на ул.„Коле Неделковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ш.(44) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.08.2020 во 22.45 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.А.(23) и Б.Ј.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.08.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(37) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пртонајдена бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.08.2020 во периодот од 18.30 до 19.30 часот, по претходно преземени оперативни мерки, полициски службеници од Полициската станица Кичево, помеѓу селата Србица и Ново Село, кичевско,  поточно  на место викано „Арсланови ливади“, пронашле и одзеле саксии со растението Cannabis sativa и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.