За четири години дел од државните институции, министерства, општини и акционерски друштва потрошиле околу 4 милони евра за набавка на опрема, како што се различни униформи, заштитна опрема, против пожарни апрати, и други . Компанијата која ги добила тендерите е Армор Плус во сопстевност на Димитар Петревски, кој всушност е зет на генералната секретака на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ. Ова се актуализираше откако ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има злоупотреба на Град Скопје затоа што дава тендери на зетот на секретарката на Град Скопје.
„„Армор Плус“ ДОО Скопје, не само што земала милионски тендер во Градот Скопје, туку за само 4 години од 2017-та до сега, има заработено рекордни над 4 милиони евра од добиени тендери. Град Скопје, јавните претпријатија, општините низ Македонија каде што СДСМ е на власт, државни институции, министерството за одбрана и многу други и дале бизнис на истата фирма „Армор Плус“ ДОО Скопје во вредност од над 4 милиони евра“-вели Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
На брифинг со новинарите Петре Шилегов вели дека Мицковски лаже и манипулира бидејќи фирмата Армор Плус не е дел од договорот. Во самиот договор стои дека Град Скопје има договор само со фирмата Хороскоп. А, потоа самата фирма одлучува која фирма од Македонија ќе прави сервис на опремата.
„Самата фирма Хороскоп од Будимпешта одбрала фирмата Армор плус да биде дел од договорот, затоа што се една од ретките софистицирани фирми во Македонија која врши сервис и одржува ваков вид на опрема. Генералниот секретар на Град Скопје во ниту една тендерска постапка не учествува“-рече Шилегов.
Од Град Скопје велат дека само два пати дале тендер на компанијата Армор Плус и тоа во 2018 година 20 дишни апрати и во 2020 100 комплети за шумски пожари. Но во списокот на јавни набавки стои дека всушност тендер од Град Скопје компанијата Армор Плус добила шест пати тендери вкупно со сума над 150 илјади евра.
Во 2020 година Град Општина купила Заштитни одела за шумски пожари и технички интервенции 80.583 евра
Во 2019 набавка на изолациони дишни апарати 32.714 евра
2017 година набавка на униформи и обувки и ХТЗ опрема 32.342 евра
2017 година набавка на опрема за заштитна и спасување 29.834 евра
2020 набавка на ПП апарати 5.670 евра
2017 набавка на заштитна опрема за дожд за пожарникари 250 комплети 4.010 вра
Инаку, според договорот и тендерската документација на Град Скопје, нашата противпожарна скала, која чини 1,7 милиони евра, е поскапа од загрепската, со која се споредува и која чини 800.000 евра, поради дополнителната опера.
ДКСК извести дека е отворен предмет за градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за набавката на противпожарната скала. Претседателката на Антикорипциска Билјана Иванова рече дела е неблагодарно да се вршат меѓупартиски препукувања, со цел да се обезбедат одредени политички поени во пресрет на локалните избори.
