Жените кои одлучуваат за прекин на бременоста преферираат да го направат со таблети отколку со хируршки зафат. Од јануари оваа година 56 аботруси биле извршени во првиот триместар на бременоста, а пак 37 абортуси се направени во вториот триместар. Вкупно 93 абортуси со таблети за четири месеци. Гинекологот Глигор Тофоски од Клиниката за Гинекологија објасува како се одвива медикаментниот аборутс.
„Овој начин на исфрлување е многу сличен на физиолошки, по сличен на она нормално. И природно кога ќе настане прекин на бременоста поради други индикации, ова е многу сличен начин. Самото крварење трае ден-два додека се исфрли концептот, меѓутоа потоа има уште некој период има краткотрајно крварење. Апослутно е докажано во светот, бидејќи ова одамна се употребува, значи е многу безбеден“., вели Глигор Тофоски.
Се користат два вида на таблети под надзор на лекар. Цената на абортусот со таблети чини 5 илјади денари, а пак хируршкиот зафат 6 илјади денари.
„Министерството за здравство за да го забрза процесот одобри средства на Клиниката за Гинекологија и акушество кои се искористени за набавка интервентно на овие лекови. Овие два лека спаѓаат на листата на есенцијални основни лекови на Светска здравствена организација. Тие се сметаат дека треба да ги има секаде во светот. Во меѓувреме Клиниката ги набави и моментално едниственото место каде што можат да се набават е на нашата клника. Меѓутоа фирмата која што ги набави оваа на тура на лекови е во процедура во агнецијата за регистириање на лекови да ги регистрира за да моќе да се најдат во сите други институции“ додава Глигор Тофоски.
Инаку минатата година направени се 34 абортуси во првиот триместар на бременоста, 8 абортуси од 12 до 22 гестациска недела.
