За 50% е зголемен бројот на гладни во земјава – секој 9-ти во светот гладува, се заканува пандемија од глад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Томислав е поранешен вработен во Македонската опера и балет. Тој е дијабетичар и опериран од канцер на дебело црево кој е еден од корисниците на оброци на Црвен Крст.

Со 10.000 денари инвалидска пензија вели тој само за сметки и за лекови, за храна – нема. Јадам вели како куче, што ќе најдам тоа.

„Имам многу ниска пензија, 10 000 инвалидска овие лекови сега треба да ги купам. Тука ако ми дадат арно, ако не немам пари. Сум работел, кога ќе ти кажам ќе се чудиш, во МНТ сум работел во Опера и Балет, опериран сум од рак на дебело црево и од тогаш ми дадоа инвалидска пензија“, истакна Томислав.

„Дали е доволно еден оброк дневно? Како доволно, денеска ми дадоа и утре на плоштад и од понеделник зевај нема јадење, нема јадење од каде“, вели тој.

Не се случило да снема храна благодарение на донаторите велат од Црвен Крст, но бараат и нови и апелираат до сите поголеми компании да се приклучат кон соработката. А храната е разнолика, има месен дел, млечен дел, витамини, протеини, храна соодветна и на високите температури.

„Вкупниот број на бездомни лица кои беа услужени  во двата дена во среда и петок броеше некаде 100 бездомни лица, откако се појави короната бројот е зголемен за 50%“, вели Драгана Лазаревска.

„Лица коишто долги години биле работоспособни, во фирми со години со короната работодавците се во состојбада мората да ги отпуштат и се наиоѓаат во една безизлезна состојба во состојба на бездомништво. Оние кои имаат свои имоти, но немаат елементарни услови за живот, реално и тие влегуват во состојба на бездомништво“, посочи Драгана Лазаревска.

„Светот е на работ на пандемија на глад“ тврди добитникот на Нобеловата награда за мир за 2020 година, Дејвид Бисли, претседателот на Светската програма за храна на ООН. Во 2021 година, повеќето луѓе во светот ќе забележат зголемена цена на храната и празни полици, а околу 270 милиони луѓе ќе гладуваат. Во светски рамки според Агенција за исхрана и земјоделство 840 милиони луѓе гладуваат, а тоа би значело дека секој 9-ти човек во светот гладува. На светско ниво Македонија е во ниско нво на глад. Од 100 поени 5,9 поени  е оценета состојбата на светско ниво или околу 20% од населението е неухрането, а тоа подразбира дека не ги зема сите три оброци дневно.