За 7% е зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домовите низ земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основно, средно образование и студентските домови во учебната/академската 2025/2026 година достигнал 5.232 лица, што претставува зголемување од 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во текот на 2025/2026 година, во земјава функционирале 9 студентски домови и 19 ученички домови за ученици од основните, средните и средните верски училишта.

Во нив бил обезбеден престој за 3.427 студенти, 1.750 ученици од средните училишта, 55 ученици од основните училишта, 31 ученик од средно православно верско училиште и 57 ученици од средно исламско верско училиште.