За да се отиде на фризер во Берлин, мора да се закаже и да се потполни образец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фризерските салони во Германија почнаа со работа после шест недели пауза поради пандемијата со коронавирусот.

Но, за да се замине да се среди косата, ќе треба да се исполнат некои услови, а социјалното дистанцирање придонесе фризерските салони да работат со помал капацитет.

Во Берлин од клиентите се бара да исполнат обрасци со лични податоци пред да го осигураат своето место во фризерскиот салон. Претходно треба да се закаже термин, кој нема да се поклопува со други клиенти.

Мора да се дезинфицираат површините во салоните. Доколку не бидат почитувани мерките, следуваат казни и до 500 евра.