За две недели околу четири илјади нови случаи – ковид-состојбата во првите 12 дена од август

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Последните две недели состојбата со коронавирус е значително влошена. Има рапиден пораст на нови случаи, на луѓе кои бараат помош во болниците, како и на пациенти кои починале како резултат на коронавирус.

Иако од 1-ви август имаше само 54 нови случаи, на 12-ти истиот месец се регистрирани дури 672 нови случаи. На почетокот на месецот, имавме само 613 активни случаи, но по само две недели бројката на заразени со Ковид-19 се искачи на 4.369.

Како што реков на почетокот, и бројот на починати е во пораст. На почетокот на месецов само едно лице почина од вирусот. Ист случај беше и на 5-ти и 6-ти кога по едно лице на ден ја губеше битката со коронавирус, но од 11-ти и 12-ти бројката на починати почна да расте.

На оваа карта(мапа) се прикажани регионалните центри за јавно здравје. Со црвена и бордо боја се прикажани градовите, односно општините со најмногу заразени, па како што може да се види најмногу активни случаи има во северозападниот дел.

Влошување на состојбата со Ковид-19 нема само во Северна Македонија, туку и во Европа. Од оваа карта(мапа) може да се види дека земјите од Западен Балкан бележат пораст, односно влошување на ковид-состојбата.

Од 17-ти јули Министерството за здравство веќе нема да го споделува со јавноста бројот на хоспитализираните пациенти во ковид-центрите или инфективните одделенија.