За една недела 3,3 милиони луѓе останале без работа во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рекорден број 3,3 милиони Американци се пријавило за надомест за невработени минатата недела, што е без конкуренција најмногу во историјата на САД.

Досега рекордот беше во 1982 година кога 695.000 луѓе останале без работа во една недела.

Оваа бројка од 3,3 милиони покажува дека коронавирусот ќе нанесе сериозна штета на американската економија.

Пред три недели само 200.000 граѓани се јавиле за надомест.

Аналитичарите предвидуваат дека ова се само почетни бројки, и дека статистиката ќе биде поразителна во идните неколку недели.