„За ефикасно судство, требаат повеќе пари“ – Маричиќ: Сè уште има проблеми, но состојбата се подобрува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Потребни се повеќе пари за подобрување на ефикасноста на судството, сметаат судиите. Подобрувањето на материјалните и технички услови на судиите и администрацијата би било важен фактор во работата на судскиот систем, вели судијата Џемали  Саити.

„Потребно е постојано консолидирање на кадрите, како на судскиот кадар така и на администрацијата. Подобрување на материјалните и технички услови и се разбира на судиите и службите се еден од важните фактори во овој правец“, истакна Џемаили Саити.

Освен платите во судството, судијката Маргарита Цаца Николовска вели дека за подобра ефикасност, позицијата на обвинителите и адвокатите во еден предмет, треба да биде рамноправна.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ. Признава дека се уште има проблеми во судството, но според него, последниве години состојбата почнала да се менува.

Маричиќ истакнува дека примарен приоритет на Владата и Министерството за правда е работата за подобра ефикасност во судскиот систем, а дигитализацијата на судството ја зголемува ефикасноста за 60%.