„Приватниот сектор ветува, да знаете, не ветуваат политичарите. Ние мислиме да се направи во рок и како што треба, не за три месеци“.
-Скептик, г. Нуредини?
„Не, не сум скептик, секогаш сум реалист, немаме потреба да брзаме, треба да се среди како што треба“.
„Се наоѓаме во селото Страчинци каде пред 4 месеци дојдоа екс министерот за животна средина и просторно планирање и градоначалникот на Гази Баба, за да видат како се одвиваат работите за фекалната канализација. Беше ветено од страна на изведувачот на проектот дека до Бајрам жителите на ова село ќе добијат канализација и дека проектот ќе заврши, меѓутоа како што гледате работите се уште не се завршени и се уште се работи на терен“, вели репортерката на ТВ21.
Екс министерот Насер Нуредини како што велеше, како реалист не верува дека работите ќе завршат до одредениот датум од изведувачот, тие што веруваа повеќе дека ова ветување ќе се одржи до Бајрам, беа жителите.
„Рекоа дека до вториот ден Бајрам ќе ја пуштат, но не се случи. Ги прашавме тие кои ја водат оваа работа, но не бидна. Дали верувавте вие на ветувањето дека ќе се направи до Бајрам? Јас многу верував,м но не се случи, не“, вели жител.
„Им верував бидејќи имаме два Бајрама, ако не се случи за овој Рамазан Бајрам, да се направи за другиот. Кога рече за Бајрам, поверував. За некој Бајрам ќе биде. Добро работеа, селаните се задоволни. Имавме голем проблем, отпадните води се излеваа врз земја, фекалиите се излеваа врз земја“, додаде друг жител.
Претседателот на месната заедница на Страчинци, Рами Џемаили, одложувањето на датумот го објаснува со неповолните климатски услови.
„Не дозволуваше времето, беше Рамазан и врнежливо, важно е да се направи. Сметам дека ќе биде многу добро, нема да има ниту комарци ниту муви ниту болести и децата слободно да си играат“, порача Рами Џемаили.
За крај добивме уште едно ветување од шефот на компанијата КОП Инженеринг, Фадиљ Бислимовски, овој пат дека проектот ќе заврши за 4-5 дена.
