„ТВ21 преку свои извори дојде до пристап на неколку документи кои го докажуваат проблемот на издавање на лични карти кои се сомнителни“.
Она што за ВМРО-ДПМНЕ денеска е скандал, за ТВ21 беше пред пет години. За двојните матични броеви нашата телевија извести уште во мај 2016-та година. Тогаш бевме контактирани и од обвинителството, но истрага и конкретна завршница немаше.
Пет години подоцна ВМРО-ДПМНЕ објави дека 20.000 македонски граѓани имаат двоен матичен број. Тоа го нареше „Мафија 2“, како продолжение на скандалот со пасошите за балканските нарко-босови, во случајот од нив наречен „Мафија“.
Но, за МВР долги години се соочува со проблемот со двојни матични броеви, кога со министеството управуваше и Гордана Јанкуловска, Митко Чавков и Агим Нухиу.
„Првиот Љупчо Ф е роден на 9.7 и тоа е неговата оргинална лична карта а вториот Љубомир Ф е роден на 7. 9 и тоа е двојната лична карта на истиот човек од овие фотографии. Ова е само едниот случај на двојни лични карти до кое дојде ТВ21“
Кога ТВ21 ја објави сторијата министри беа Оливер Андонов, кој се задржа само еден ден, и Агин Муниу. Претходно министри биле Митко Чавков и Гордана Јанкулоска.
Пет години по нашата сторија лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, брифираше дека најмалку 20 илјади лица во Северна Македонија имаат двојни матични броеви всушност дека станува збор за нов скандал наречен „Мафија 2“, во кој повторно станува збор за злоупотреба на институциите.
Но, министерот за внатрешни Оливер Спасовски во „Клик Плус“ тврди дека бројката е далеку помала од онаа на Мицкоски. Според Спасовски само во Скопје има 660 двојни матични броеви, од нив уште 80 се во процедура за поништување.
„Кога сме започнале со оваа постапка, само во одделот за управни работи во Скопје се евидентирани 660 двојни лични броеви, од нив се поништени 580, за 80 постапката е во тек. Постои матична евиденција за родените во Скопје, и во таква матична книга се 213 лица, а во другите матични канцеларии, имаме остаток некаде околу 80 граѓани, лица кои имаат двојни матични броеви“-рече Спасовски.
Всушност за тие матични броеви кои се двојни се доставуваат до управата за матичните книги на родените за да се потврди дека одредено лице има два матични броеви, а потоа се покренува постапката за поништување. Според МВР овој проблем се влече уште од 1981 година.
