За неколку месеци дозволата, за 2-3 години завршувањето! – Шаќири и Меџити за изградба на кампусот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За неколку месеци Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе добие дозвола за изградба на кампусот од Министерството за транспорт, вети заменик министерката Калтрина Зеколи-Шаќири во „Дејли Клик“. Истакна дека тоа ќе биде модерен објект, каде, како што вели, ќе има спортски сали, базени и лаборатории кои се неопходни.

„Ние како министерство и јас лично како Калтрина бевме вклучени во забрзувањето на процесот за вадење дозвола. Има технички проблеми кај проектантот кои ги адресиравме, за многу кратко време ќе ги исправат“, вели Калтрина Зеколи Шаќири.

Во прашање се неколку дена, недели, месеци?

Мислам дека тоа ќе биде прашање на месеци, многу брзо, да навистина.

Првиот вицепремиер Изет Меџити за кампусот на УМТ вели дека средствата ги обезбеди Министерството за образование, а согласност дало Министерството за финансии. Тој додава дека проектот е готов и ќе се реализира во рок од 2-3 години.

„Тендерот ќе биде за неколку години бидејќи се работи за проект кој не може да се заврши за неколку месеци, веројатно ќе трае неколку години, деновиве се очекува градежната дозвола да се добие од Министерство за транспорт, така што проектот е готов, во моментот кога ќе се добие градежната дозвола, има владина одлука за финансирање и се отвора тендерската постапка за избор на оператор и за поставување на камен-темелник. Сигурно ќе бидат објавени и роковите за реализација на проектот“, вели Изет Меџити.

Инаку, Универзитетот „Мајка Тереза“ од минатата година работи кај поранешната касарна „Илинден“ во Скопје, а се соочува со недостиг на простори за предавања, лаборатории и административни канцеларии. Тие ја поздравија одлуката на Владата која даде зелено светло за почеток на процедурите за изградба на универзитетскиот кампус, четиригодишен проект вреден 34,5 милиони евра.