За продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ ќе се рушат осум куќи во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Средствата кои Владата ги додели на Општина Тетово за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“ се всушност за продолжување на делницата преку веќе постоечки мост на реката Пена, информираше на денешната седница на Советот, претседателот Беким Мемети.  Парите ќе се искористат за првата фаза од продолжувањето на булеварот.

-Владата издвои 29,5 милиони денари за реконструкција на булеварот „Благоја Тоска“, што значи дека наредната година овој долгогодишен проблем на Тетово ќе биде минато. Проект е во три фази, а сега има средства за да се реализира првата. Тоа е продолжување на булеварот преку мостот на реката па се до текстилното училиште. Пред крај е експропријација на осум куќи кои треба да се рушат за да се продолжи булеварот во првата фаза, изјави Беким Мемети.

Втората фаза предвидува продолжување од текстилното училиште до крстосницата со улицата „Киро Ристоски-Дрнц“. Последната фаза е од таа крстосницата па се до булеварот „Илинденска“.