Преминот Рафах меѓу Газа и Египет повторно е отворен „во двата правци“, првпат откако Израел го затвори преминот на 28 февруари, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран.
Египетските државни медиуми и агенцијата Ал-Кахера њуз јавија дека на преминот е забележан помал број Палестинци, вклучително и пациенти кои се лекувале во Египет, додека неколку амбулантни возила чекаат да примат палестински пациенти кои излегуваат од Газа, пренесе Тајмс оф Израел.
Координаторот на владините активности на Израел на териториите објасни дека одлуката за отворање е донесена по нова проценка на безбедносните услови и заканите во регионот, со примена на неопходни безбедносни мерки.
Причината поради која преминот не бил отворен претходниот ден не е јасна.
