За прв пат првачиња во училиштето во Визбегово – Елези: Во септември настава од прво до петто одделение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Дали знаеш што е ова?

Да.

-Што е?

Молив.

-Молив, ајде сега земи го моливот, овде имаме една права линија, а другава линија е со точки. Дали знаеш да пополниш и да нацрташ права линија?

„Да“.

Во новото училиште во Визбегово започнаа уписите во прво одделение. Децата беа радосни што ќе започнат со образовниот процес.

АГОН АЈРУЛАХИ, УЧЕНИК ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

-Денеска се запиша во школо?

Да.

-Имаш ли желба да доаѓаш?

Да.

-Дали сретна другари и другарки овде?

Да“.

-Ти се допаѓа новото школо?

Да.

-Дали ти е блиску школото?

Да.

-Со кого ќе доаѓаш, сам или со родителите?

Со мама.

И родителите задоволни што во нивната населба се изгради ново училиште и веќе нема да ги праќаат децата во други општини.

Денеска дојдовме да го пријавиме девојчето, верувам дека ќе ја завршиме и оваа работа“, вели Семиха Бакиа.

-Како течеше процесот, дали имавте проблем со документите?

Немаме проблем со документот, адресата е во ред, верувам дека сега ќе бидеме на ред.

-Дали ви е мило што училиштето сега е отворено?

Многу, школото е многу добро, на убава локација, да видиме сега само девојчињата да бидат успешни.

Директорот на ова училиште Кадри Елези за ТВ21 изјави дека од вчера до денеска се пријавени 10 деца, а чекаат да се пријават и други. Тој додаде дека од септември во ова училиште наставата ќе започне од прво до петто одделение.

Прво ќе имаме пријавување само за први одделенија, потоа ќе имаме пријавување од почетокот на годината од септември ќе имаме и за вторите одделенија до 5-то одделение, нормално зависи од волјата на учениците кои сакаат а родителите да ги донесат овде“, вели Кадри Елези.

-Што ќе се случи со учениците од 6 до 9 одделение?

И тие во континуитет ќе почнат да се повлекуваат од другите училишта кои се во други општини.

Што се однесува до вработувањето на кадар во ова училиште, Елези рече дека по завршувањето на изборниот процес ќе почнат со примање на наставници, бидејќи барањата за вработување, како што рече, се испратени до министерството.

Инаку, во училиштето во Визбегово се очекува да учат вкупно околу 1.000 ученици.

Рокот за пријавување е до 31 мај 2024 година.