За прв пат регистрирани над 300 новозаразени лица – само во Скопје 182

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се дури 317 нови случаи на ковид-19.

По градови:

Скопје – 182,

Куманово – 12

Дебар – 3

Штип – 13

Прилеп – 5

Тетово – 8

Велес – 7

Битола – 6

Охрид – 1

Кавадарци – 4

Гостивар – 11

Гевгелија – 12

Струмица – 12

Крива Паланка – 3

Радовиш – 5

Кочани – 18

Валандово – 3

Делчево – 2

Свети Николе – 4

Кичево – 4

Ресен – 1

Неготино – 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.