Пет деца, сите на возраст од 13 до 15 години, вчера завршиле во болницата во Бјеловар со тешки повреди. Лекарите се борат за живот на едно дете, јавуваат хрватските медиуми.
Петте деца се примени поради повреди здобиени во неколку сообраќајни несреќи на подрачјето на градот.
Четирицикл кој било управуван од малолетно девојче, и на кој имало уште две деца, излетал од патот. Девојчето загубило контрола над четирициклот, удрило во банкина, а потоа неконтролирано удрило во бетонски мост. Децата на главата не носеле заштитни кациги. Едно од нив се бори за живот.
Истиот ден 21-годишен возач на автомобил не застанал на пешачки премин, и удрил во дете кој ја минувал улицата.
Вечерта во 21:35 часот, возејќи електричен тротинет без кацига, дете изгубило контрола и паднало на коловозот, при што заработило тешки повреди на главата и било пренесено во болница.
