За само неколку часа изречени 105 санкции за брзо возење на територија на СВР Штип

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска ( 25.04.2021) во времето од 13,00 до 19,00 часот на подрачјето на СВР-Штип е спроведена засилена сообраќајна контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.

Санкционирани се вкупно 105 прекршоци, од кои 53 прекршоци од  возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 52 во населено место.Откриени и санкционирани се и 32 останати прекршоци.